ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски Програми - Будимпешта и Белград - 22.05. - 25.05.2026
Будимпешта и Белград - 22.05. - 25.05.2026

Budimpesta-avtobus - Метрополитен Травел

22.05.2026Поаѓање во 16.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.

 

23.05.2026Пристигнување во Будимпешта во утринските часови, разгледување на Будимпешта со водич и тоа-Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската тврдина и др, Пешта: Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите, Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав и др. Сместување во хотел. Слободно време. Крстарење со брод по Дунав (факултативно). Ноќевање.

 

24.05.2026Појадок. По појадокот посета на   шопинг  центар Тропикариум (факултативно со вклучена влезница) со голем број на дуќани со разновидна роба каде се наоѓа и еден од најпознатите тропски ЗОО со разновидни животни, аквариум со ајкули и разен морски свет, чувство за тропскиот свет исполнет со прекрасна флора и фауна, слободно време. Продолжуваме со факултативна посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. (доколку некој од патниците не ја користи оваа посета останува во хотел и нее обврска на агенцијата). Враќање во Будимпешта. Вракање во хотел. Ноќевање.

 

25.05.2026Појадок. По појадокот враќање за Македонија, попатна пауза во Белград, прошетка низ Кнез Михајлова, Калемегдан, слободно време, возење со попатни паузи.

Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

Цена на аранжманот: 127eur / 7.900мкд

 

Во цената е вклучено:

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување во хотел 3*на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта

-разгледување на Будимпешта со водич(гратис од агенцијата без доплата)

-лиценциран придружник на групата

 

Во цената не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување

-посета на Сент Андреа, разглед со водич+ посета на Тропикариум(влезница)-35 евра

-крстарење по Дунав со водич-25 евра

-туристичка такса за сместување во Будимпешта (5 € по ден по особа=10  )-задолжително

-влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 17.03.2026 година.

Патниците кои нема да одат во Сент Андреа и Тропикариумот  остануваат слободни во хотелот и не се обврска на агенцијата тој ден.

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници, за реализација на факултативите потребен е минимум од 25 патника.