
План и програма: 05.05. - 12.05.2026
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред лет, Лет Скопје – Пекинг преку Виена и Минхен. Полетување од Скопје во 12:35 часот, пристигнување во Виена во 14:10 часот. Полетување од Виена во 17:40 часот. Пристигнување во Минхен во 18:40 часот. Полетување од Минхен во 19:40 часот.
2 ден
Пристигнување во Пекинг во 11:45 часот. Трансфер до хотелот во Пекинг. Сместување и одмор во хотелот.
3 ден
Појадок. Посета на Tiananmen Square – централниот и најголем плоштад во Пекинг, потоа на Забранетиот град Gugong – поранешната царска палата и симбол на кинеската историја, и летната палата Yiheyuan – раскошен комплекс со палати и градини, користен како летна резиденција на царевите. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Организирана посета на Кинескиот ѕид во Мутианју, една од најдобро зачуваните и најубави делници на овој историски ѕид, кој се градел повеќе од 2.000 години за одбрана на Кина, со можност за искачување со жичара и панорамски погледи. По посетата, враќање во хотелот. Ноќевање.
5 ден
Појадок. Посета на Националниот стадион „Bird’s Nest“ – симболот на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, и на Националниот акватски центар, познат како „Water Cube“, дел од Олимпискиот парк. По посетата, враќање во хотелот. Ноќевање.
6 ден
Појадок. Трансфер со автобус до железничката станица и патување со експресен воз до Хангжу, историски град познат како центар за чај и свила (околу 5–6 часа патување). Разгледување на градот и Западното езеро, со крстарење по езерото. Сместување во хотел. Ноќевање
7 ден
Појадок. Поаѓање кон Шангај и разгледување на градот со посета на ТВ и радио кулата „Oriental Pearl“ и крстарење по реката Хуангпу. Прошетка по познатата шеталишна зона Бунд и свечена вечера во традиционален кинески ресторан. Ноќевање.
8 ден
Појадок. Посета на Стариот град и Стариот базар, историска зона со традиционална кинеска архитектура и продавници за сувенири, како и на Храмот на Буда од Жад (Jade Buddha), познат по својата статуа од бел жад. Разгледување на уметничката област Tianzifang, позната по уметнички студија и кафулиња, и шопинг улицата Nanjing Road, главната комерцијална улица во Шангај. Трансфер до аеродромот и поаѓање од Шангај во 23:50 часот.
9 ден
Пристигнување во Франкфурт во 07:25 часот. Поаѓање од Франкфурт во 12:30 часот, пристигнување во Скопје во 14:45 часот.
Цена на аранжманот: 3.558eur
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Важно: