ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
ЈУНСКИ ПАТУВАЊА - Будимпешта - 29.05. - 01.06.2026
Будимпешта - 29.05. - 01.06.2026
Тур в Будапешт - Угорщина: всі автобусні тури з України ❤️. Купити дешевий  тур в Угорщину.
(29.05.2026 - петок) | Скопје - Будимпешта
Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 09:55 часот. Полетување за Будимпешта во 11:55 часот. Слетување во Будимпешта во 13:20 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот .Сместување во хотел.Ноќевање.
 
(30.05.2026 - сабота) | Будимпешта – разглед
Појадок. После појадокот следува разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)... Посета на Црквата Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци и Ваци,.. продолжуваме од Пешта кон Будим да ја посетиме познатата Рибарска тврдина и околните објекти.Слободно време во центар, да ја осетиме фудбалската атмосфера која ќе владее по завршувањето на финалето - Лига на Шампиони.Враќање во хотел. Ноќевање.
 
(31.05.2026 - недела) | БУДИМПЕШТА – Сент Андреа - крстарење
Појадок. По појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта.Во попладневните часови е предвидено крстарење по Дунав (факултативно), прекрасен разглед на градот од брод. Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
(01.06.2026 - понеделник) | Будимпешта – Скопје
Појадок. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 13:55 часот. Слетување во Скопје во 15:20 часот.
 
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  359 €
(за првите 6 места)
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 
449 €
 
Во цената е вклучено:
  • Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотелEAST CITY - 3 ноќевања со појадок;
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром
  • Пешачки разглед со локален водич;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената не е вклучено:

  • Крстарење со брод по Дунав – 20 €;
  • Факултативна посета на Сент Андреа – 40 €;
  • Туристичка такса 9 € по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба;

 

НАПОМЕНА:

  • Пријавување на факултативи во агенција
  • Факултативите се реализираат со јавен трансфер, кој што не е вклучен во цената
  • Минимум пријавени патници за реализација - 16

 

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 16 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозотили хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.