САНТОРИНИ – супермодел на грчките острови, најпосебниот остров на Медитеранот, инспирацијата на Платон, рај за очите... Санторини возбудува со разнобојните карпи кои се издигаат од морето, со препознатливите бели куќички специфични за кикладската архитектура, со спектакуларните панорами, романтичните залези на сонцето, вулканските песочни плажи со бела, сива, црна и црвена боја, со Калдерата која буди мечти и ги оживува возбудливите приказни за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓал токму тука... Санторини може да се опише и со само еден збор – а тој збор е магија. Дел е од островската група Киклади, се наоѓа во Егејското море, на половина пат меѓу Атина и Крит. Пред 3.500 години, островот е погоден од разорна вулканска ерупција со титанска моќ, која предизвикала потонување на островот, оставајќи зад себе кратер со високи карпи, денес познатата Калдера, заштитниот знак на Санторини.
17.04.2025 СКОПЈЕ – ПИРЕА
Состанок на групата на градската автобуска станица во 15:00 часот. Поаѓање за Грција во 17:15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
18.04.2025 ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на фери. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот...пловидба кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот, следи трансфер од пристаниште до хотел - сместување во хотел во Камари. Време за краток одмор и релаксација. Околу 21.00 часот - следи факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Вракање во хотел. Ноќевање.
19.04.2025 САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот...археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)...посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли - Калдера. Во вечерните часови посета на
најмонденското селце OIA...можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место...питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море, кое било испирација за многу поети, сликари и писатели...враќање во хотелот во вечерните часови. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали - враќање во хотел. Ноќевање.
20.04.2025 САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5€ за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел. Краток одмор -
Во вечерните часови – прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање вохотел. Ноќевање.
21.04.2025 САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на на најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата следи слободно време во Фира и околу 14.00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299€ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.01.2025
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 319€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВИ:
ДОПЛАТИ:
- Туристичката такса од 3€ по лице на ден се плаќа на лице место
НАПОМЕНА:
аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на
надомест на средства во разлика на цена.