АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
МАЈСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
Автобуски програми - Пореч - Трст -Грожњан - Мотовун - Ровињ
Пореч - Трст -Грожњан - Мотовун - Ровињ

Прв ден: 05.03.202(четврток) 

Поаѓање на групата од  Кавадарци во 16.30 часот и од Скопје во 18.00 часот кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден: 06.03.2026 (петок) 

Пристигнување во Пореч  во пладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Пореч, градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Потоа сместување на групата во хотел „Porec“ 3*** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

 

Трети ден: 07.03.2026 (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Италија. Трст е нашиот денешен избор за уживање. Организиран разглед на градот, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и шопинг во изобилството продавници на Главниот Плоштад кој е еден од најпосетените во Трст. Во попладневните часови се враќаме назад во хотелот во Пореч. Ноќевање.

 

Четврти ден: 08.03.2026 (недела) 

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во континенталниот-зелениот дел на Истра, во двата града кои се фаворити во централна Истра: Грожњан и Мотовун. Грожњан е сместен над долината на реката Мирна, на надморска висина од 228 метри. Тоа е единствената средновековна урбана целина каде во последните 280 години не е изградена ниту една нова градба и единственото место во Хрватска каде мнозинството жители се Италијани. Во 1965-та година Грожњан е прогласен за Град на уметниците – денес тука има дваесетина галерии и речиси секојдневно на камените улици се одржуваат уметнички манифестации. Грожњан е единственото место од каде имате можност да ја погледнете Истра со очите на уметниците. Потоа продолжуваме кон Мотовун, раскошен стар акрополски град сместен на врвот на 277 метри високиот рид, преполн со фотогенични глетки од кои застанува здивот. Следува организиран разглед на градот кој има богато наследство: градска врата со кула, ренесансна палата, градска ложа, средновековниот распоред на улиците... Околу градот се шират лозови насади на кои се одгледува грозје од познати истарски сорти -теран и малвазија. Блиската шума под градот е дом на познатата подземна печурка тартуф која се смета за крал на хрватската гастрономија. По организираниот разглед се упатуваме на дегустација на тартуфи во традиционално домаќинство Миро Тартуфи ( http://miro-tartufi.com/en/), каде во весела атмосфера ќе го одбележиме празникот. Во доцните попладневни часови се враќаме во Пореч. Ноќевање.

 

Петти ден: 09.03.2026 (понеделник)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати... Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вторник, на 10.Март во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра (24.740 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

  

Во цената е вклучено:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок во хотел  Porec 3*** во Пореч

- Локален туристички водич во Пореч, Трст и Грожњан

- Дегустација на тартуфи во Мотовун

- Организирана посета на Трст, Грожњан, Мотовун и Ровињ

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената не е вклучено:

- Доплата за еднокреветна соба – 90 евра

- Туристичка такса...1.60 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници