1 ден 06.03.2025СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30ч. Поаѓање на автобусот во 12:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 07.03.2025ПРАГА
Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2025ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.
4 ден 09.03.2025ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање
5 ден 10.03.2025 ПРАГА –OUTLET PARNDORF - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
6 ден 11.03.2025 СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од граничните премини)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 28.12.2024: 199 евра / 12.340 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 евра / 14.820 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: