ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Nea Flogita - Vila Litca 2
Vila Litca 2

Вила ,,LITCA-2'' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ''Corfu'', околу 70 метри од плажа. Вилата располага со ниско приземје,високо приземје, прв кат и втор кат.

Користење на клима уредот е вклучено во цена.

Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ.

 

Термини Бр.ноќевања 1/3 Студио 1/4 Апартман 1/5 Апартман приземје 1/6 Дуплекс приземје
23.05.2026 7 150 promo 170 promo 180 promo 200 promo
30.05.2026 7 199 полно 220 220 полно 260
06.06.2026 7 320 полно 350 350 370
13.06.2026 7 400 полно 440 450 500 полно
20.06.2026 7 440 490 полно 500 полно 600 полно
27.06.2026 7 490 550 560 660 полно
04.07.2026 7 520 650 660 760
11.07.2026 7 550 710 720 полно 820
18.07.2026 7 550 710 720 полно 820
25.07.2026 7 580 730 740 840
01.08.2026 7 580 730 740 840
08.08.2026 7 580 710 720 полно 820 полно
15.08.2026 7 560 710 720 820
22.08.2026 7 500 640 650 670
29.08.2026 7 480 540 550 полно 610
05.09.2026 7 370 полно 440 450 530
12.09.2026 7 270 340 350 420
19.09.2026 7 180 190 190 240

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)

За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Опис на сместување:

 

АПП БР 1 - Прв кат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

 

АПП бр.2 - На прв кат. Располага со 2 простории.Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

 

АПП бр.3 - На втор спрат. Располага со 2 простории. Спална со 2 единечни кревети и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

 

СТУДИО бр.4 - На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е кујната, купатило, балкон, ТВ и клима .

 

СТУДИО бр.5 - На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е кујната, купатило, балкон (поглед на улица) , ТВ и клима.

 

ДУПЛЕКС бр.6 - Ниско приземје Располага со 3 простории: дневна соба и две спални соби. Во дневната соба се наоѓа кујна ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), два единечни кревети и софа на расклопување, истата излегува во двор кој има поглед на улица. Во едната спална има два единечни кревет и истата излегува во задниот двор додека втората спална соба има брачен кревет, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

 

АПП бр.7 - Ниско приземје. Располага со 2 простории. Дневна соба со два единечни кревети и софа на расклопување и во истата просторија е кујната одделена со шанк ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), истата излегува во двор кој има поглед на улица. Спална соба со брачен кревет и излегува во задниот двор, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

 

Услови под кои важи аранжманот:

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.