ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Авионски програми - Бали и Сингапур
Бали и Сингапур

Singapore Group Tours & Adventures - Explore

1 ДЕН.   10.03.2026  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ  – СИНГАПУР

Средба на групата на аеродром ТАВ – Скопје во 07:15 часот, односно 2 часа пред закажаниот лет. Лет за Истанбул во 09:15 часот со Turkish Airlines (TK1004). Пристигнување во 12:50 и лет од Истанбул за Сингапур во 18:30 часот (TK208). Ноќен лет со оброци. 

 

2 ДЕН.  11.03.2026  СИНГАПУР (“City” тура)

Слетување во Сингапур окулу 10 часот наутро. По подигнување на багажот и завршување со пасошко царинските формалности, не пречекуваат нашите домаќини во Сингапур и започнуваме со полудневен разглед на градот придружуван од локален лиценциран водич на англиски јазик. Започнуваме со посета на Merlion Park, каде што ќе можете да направите фотографии со симболот на градот – легендарната статуа половина лав, половина риба, која гордо гледа кон заливот Marina Bay. Потоа ќе прошетаме низ шарениот кинески кварт - Chinatown, исполнет со традиционални куќи, локални ресторани и храмови што ја раскажуваат богатата кинеска историја на Сингапур.  Следува посета на Little India, живописен кварт каде што воздухот мириса на зачини и свежо цвеќе, а шарените базари ја пренесуваат топлината на индиската култура.  Патувањето продолжува кон Arab Street и Kampong Glam – историското малезиско муслиманско подрачје, каде што доминира златната купола на величествената Султан Џамија (Sultan Mosque), опкружена со бутици, продавници за текстил и кафулиња. Разгледот завршува со посета на Националната градина со орхидеи, дел од Ботаничката градина на Сингапур, прогласена за светско наследство под заштита на УНЕСКО. Ќе уживате во прекрасно уредени патеки со повеќе од илјада видови и две илјади хибриди на орхидеи, меѓу кои и сорти именувани по познати личности и светски лидери. По завршувањето на турата, следи трансфер до хотелот, превземање на собите и местување. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки низ овој фасцинантен град. Ноќевање.

 

3 ДЕН.  12.03.2026  СИНГАПУР (факултативна тура)

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки и активности, или за комплетно доживување предлагаме сеопфатна целодневна факултативна тура:   ГРАДИНИТЕ НА ИДНИНАТА, КРСТАРЕЊЕ ПО РЕКА СИНГАПУР И МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СЕНТОЗА: Посета на спектакуларните Gardens by the Bay, футуристички парк кој претставува вистинско чудо на современиот дизајн и ботаника. Ќе ги разгледате двете главни стаклени градини – Flower Dome, најголемата стаклена градина во светот со растенија од медитерански и суви региони, и Cloud Forest, со бујна тропска вегетација, планина обвиена во магла и водопад висок 35 метри. Следува релаксирачко крстарење по реката Сингапур каде ќе уживате во прекрасните глетки на градот – комбинација од историски мостови, колонијални згради и модерниот Marina Bay хоризонт. По ручекот (во сопствена режија), продолжувате кон Sentosa Island. Ќе се искачите со жичара која нуди панорамски погледи кон заливот и градот, а потоа ќе ги посетите Madame Tussauds Singapore и интерактивната изложба Images of Singapore Live, која низ приказни и ефекти ја доловува историјата на земјата. Вечерта уживајте во спектакуларното шоу Wings of Time – игра на вода, светлина и музика под отворено небо, на самиот брег на морето. По завршувањето, следи враќање во хотелот и ноќевање.

 

4 ДЕН.  13.03.2026  СИНГАПУР – ДЕНПАСАР (БАЛИ)

По појадокот, уживајте во слободно време пред организираниот трансфер до аеродромот Чанги – еден од највпечатливите и најубави аеродроми во светот. Искористете ја можноста да ги откриете неговите уникатни атракции, како што се Jewel Rain Vortex, највисокиот затворен водопад во светот, или Градината со пеперутки во Терминал 3. Заминувaме од Сингапур со незаборавни впечатоци од неговата култура, модерна елеганција и шарм. Лет од Сингапур кон Денпасар (окулу или нешто помалку од 3 часа). По слетувањето и завршување со аеродромските формалности, организиран трансфер до Вашиот хотел покрај море на Бали. Превземање на собите, слободно време. Ноќевање.  5 ДЕН.  14.03.2026  БАЛИ Појадок во хотел. Слободен ден кој предлагаме да го искористите за одмор и релаксација во Вашиот хотел и првично запознавање со волшепството на оваа дестинација. Ноќевање.

 

6 ДЕН.  15.03.2026  БАЛИ (Тура – “Bali Heritage”)

Појадок. Органзирана целодневна тура со професионален локален водич на англиски јазик. Тура што ги буди сите сетила – доживување кое ќе ве доближи до духовната и природна суштина на островот и низ која ќе откриеме дел од природните и културните бисери на Бали. Го посетуваме Candi Kuning Market, шарен пазар исполнет со локални овошја, зачини, чаеви и ракотворби, кој ја прикажува секојдневната автентичност на локалниот живот. Продолжуваме кон величествениот Ulun Danu Temple, познат како „Храмот на езерото“, посветен на божицата на водата. Сместен на бреговите на езерото Братан и обвиен со магична атмосфера, тој претставува симбол на духовноста и плодноста на островот. Турата завршува со посета на Jatiluwih Rice Terraces, спектакуларни оризови тераси под заштита на УНЕСКО – место каде зеленилото, тишината и уметноста на земјоделството се спојуваат во совршена хармонија. Враќање во хотел, ноќевање.

 

7 ДЕН.  16.03.2026  БАЛИ (Тура – “Bali’s Icons”)

По појадокот, се упатуваме кон уште една тура низ која ќе ги откриете најпознатите и најфотогенични симболи на островот – идиличните храмови Таман Ајун и Танах Лот. Тура која нуди вистинско доживување на духовната страна на островот и незаборавни пејзажи. Го посетуваме величествениот Tanah Lot Temple, најпознатиот храм на Бали, сместен на карпа опкружена со немирните води на океанот. Овој духовен симбол претставува моќен спој меѓу верата, морето и времето. Продолжуваме кон Taman Ayun Temple, храмски комплекс од XVII век под заштита на УНЕСКО, познат по своите пагоди, водни канали и мирна атмосфера што го одразува хармоничниот балиски дух. Турата завршува во живописната област Sanur Terrace – вистинска оаза на мирот, со тропски градини и поглед кон тивкиот океан, совршено место за одмор и фотографии. Враќање кон хотел, ноќевање.

 

8 ДЕН.  17.03.2026  БАЛИ (Убуд)

Појадок во хотел и слободно време до одјавување на собите од хотелот. Организиран трансфер до хотелот во Убуд, сместување. Слободно време за откривање на ова место сместено меѓу зелените оризови тераси и тропските шуми. Како културно и духовно срце на Бали, овој град е симбол на хармонијата помеѓу природата и духовнаста. Убуд е особено познат по своите уметнички галерии, храмови, традиционални пазари и спокојна атмосфера. Ноќевање.

 

9-10 ДЕН.  18-19.03.2026 БАЛИ (Убуд)

Појадок во хотел. Слободни денови за релаксација  и уживање покрај хотелските базени со поглед кон бескрајно зеленило, како и за индивидуални активности и прошетки низ Убуд - место каде времето тече побавно, а секој момент носи чувство на мир и инспирација. Токму овие 2 дена го одбележуваат финалето на најуникатниот фестивал и празник на Бали  - “Nyepy Day” или Тивкиот Ден. Последните две ноќевања се во истиот хотел во Убуд.

 

11 ДЕН.  20.03.2026  БАЛИ – ИСТАНБУЛ

Појадок и одјавување на собите според хотелските правила. Слободно време до попладневните часови кога ќе биде организиран трансфер кон аеродромот во Денпасар. Вечерен лет за Истанбул во 22:00 часот со Turkish Airlines (TK311). Оброци во авион.

 

12 ДЕН.  21.03.2026  ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Пристигнување во Истанбул окулу

 

БАЛИ и СИНГАПУР

АВИОНСКИ ПАКЕТ АРАНЖМАН

Ноќевање со појадок

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 10.03.2026-21.03.2026
УСЛУГИ Ноќевање со појадок
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 9 Ноќи / 12 Дена
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1.995 € / 123.690 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025 1.895 € / 117.490 мкд
Доплата за еднокреветна соба 550 € / 34.100 мкд
Дете во соба со 2 возрасни или трето возрасно лице На барање

 

Во цената е вклучено:

• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Сингапур | Сингапур – Денпасар | Денпасар – Истанбул – Скопје.

• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.

• 2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Сингапур (Hotel Boss 4*, или сличен)

• Панорамска полудневна “City” Тура на Сингапур со локален водич на англиски јазик.

• 4 ноќевања со појадок во хотел 5* на плажа на Бали (Nikko Bali 5*, или сличен).

• 2 тури на Бали со локален водич на англиски. • 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во местото Убуд на Бали (Best Western Premier 4*, или сличен).

• Сите трансфери според програма (аеродром – хотел – аеродром во Сингапур и Бали) 

• Придружник на групата за време на престојот, локални водичи, организација на аранжманот.

 

Во цената не е вклучено:

• Патничко здравствено осигурување.

• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.

• Влезна виза за Индонезија.

• Туристичка такса за Бали – се плаќа онлајн еднократно ( https://lovebali.baliprov.go.id/ )

 

Целодневна Факултативна тура во Сингапур:

ГРАДИНИТЕ НА ИДНИНАТА, КРСТАРЕЊЕ НА РЕКА СИНГАПУР И И МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СЕНТОЗА

Цена: 300 еур / лице (за минимум 8 пријавени патници, пријавување во агенција)

 

Целодневна тура во програмата опишана под ден 3, која вклучува:

• Влезници за стаклените градени (Flower Dome & Cloud Forest Dome) 

• Крстарење со брод по река Сингапур (45 мин)

• Жичара (кон Sentosa Island)

• Влезници за Madame Tussauds Singapore и Images of Singapore Live

• Влезница за шоу Images of Singapore Live • Превоз од / до хотел.

• Локален лиценциран водич на англиски јазик за време на турата.

 

Важни Забелешки:

• Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата. Одговорност за проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво патникот.

• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.

• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.

• Организаторот на патуваоето го задржува правото, во слушај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродрпмски такси), да ја промени и цената на аранжманот.

• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни или вонредни причини.

• За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници и доколку истиот не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.

• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.

• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.