
БАСКИЈА - регион кој плени со својата автентичност, горд дух и изразена културна различност. Сместена помеѓу зелените ридови на северна Шпанија и Франција, оваа мистична земја на брегот на Атлантикот е регион на извонредна убавина, силен идентитет и богато културно наследство. Од современите фасади на Билбао и импресивниот музеј Гугенхајм, преку шармантните улици на Сан Себастијан и историските градови Памплона и Виторија, па сè до француските бисери Бијариц и Сен Жан де Луз – ова патување открива различни лица на баскискиот свет. Велигден во Баскија е повеќе од патување – тоа е доживување исполнето со уметност, архитектура, вино, гастрономија и свеж морски воздух. Ќе ги откриете градовите каде традицијата и модерниот дух совршено се надополнуваат, ќе прошетате низ средновековни улички, ќе уживате во спектакуларни пејзажи и во познатите шпански вкусови. Билбао, Сан Себастијан, Памплона, Виторија, Бијариц, Сен Жан де Луз... – имиња што ќе останат запаметени по атмосферата, енергијата и автентичниот баскиски дух.
План и програма: 09.04. - 14.04.2026.
1 ДЕН. 09.04.2026 БЕЛГРАД – МИНХЕН – БИЛБАО
Средба на групата на аеродромот Никола Тесла, 2 и пол часа пред полетување. Лет за Минхен со компанијата Lufthansa, лет LH1739 во 06:05 часот. Пристигнување во Минхен во 07:40 часот. Продолжување кон Билбао во 08:45 часот, лет LH1824. Пристигнување во Билбао во 11:05 часот. По подигањето на багажот, следува панорамско разгледување на градот Билбао – новиот дел на градот (Abandoibarra) каде што се наоѓа најубавиот градски плоштад (Plaza de Federico Moyua), стадионот Сан Мамес каде игра Атлетик Билбао, како и музејот Гугенхајм – современо архитектонско ремек-дело кое стана симбол на градот. Потоа трансфер до хотелот. По сместувањето, краток одмор и пешачко разгледување на центарот на Билбао (без влегување во објекти), во придружба на водич. Разгледувањето го опфаќа старото градско јадро (Casco Viejo): прошетка низ пешачката зона покрај Катедралата Сантјаго, Новиот плоштад (Plaza Nueva) и пазарот Рибера (Mercado de la Ribera) – фасцинантна градба од почетокот на XIX век, сместена на брегот на реката Нарвион, денес позната како најголемиот покриен пазар во Европа. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
2 ДЕН. 10.04.2026 Билбао – Сантандер – Сантилјана дел Мар – Билбао (262 км)
Појадок. Целодневен излет до Сантандер и Сантилјана дел Мар (траење околу 11–12 часа). Сантандер, кој често го нарекуваат најубавиот град на шпанскиот север, припаѓа на покраината Кантабрија, чиј главен град е. Сместен е на брегот на Кантабриското Море и благодарение на прекрасната природа со долги плажи и зелени ридови, уште од XIX век е омилено одморалиште на шпанската и европската аристократија. Најпознати плажи се Playa de El Sardinero и Playa de la Magdalena. Градот има богата историја која датира од римскиот и средновековниот период. За време на разгледувањето ќе се видат Paseo de Pereda – старото пристаниште претворено во морско шеталиште, градската општина, Паркот Магдалена – дел од шпанското кралско наследство, кој бил летна резиденција на кралското семејство. Палатата на кралот Алфонсо XIII, сместена во паркот, денес е отворена за посетители, а просторот сведочи за аристократската историја на градот. Ќе се видат и Palacio de la Magdalena и Palacio de Festivales – модерни објекти наменети за културни настани, концерти и театарски претстави. По кратка пауза – слободно време. Потоа следува патување кон едно од најубавите и најавтентични села во Шпанија – Сантилјана дел Мар, познато како „градот на трите лаги“ – затоа што не е ниту свет (santa), ниту рамен (llana), ниту крај море (del mar). Но е еден од најубаво зачуваните средновековни градови со калдрмисани улици, камени куќи со цветни балкони и архитектура од XIV–XVIII век. Главна знаменитост е црквата Колегијата Санта Јулијана од XII век, околу која настанал градот. Во близина е и прочуената пештера Алтамира со праисториски цртежи стари над 14.000 години – вистинско светско наследство. Враќање во Билбао. Слободна вечер. Ноќевање.
3 ДЕН. 11.04.2026 Билбао – Памплона – Билбао (311 км)
Појадок. Целодневен излет до Памплона (околу 11–12 часа). Памплона е главниот град на автономната покраина Навара и е едно од најпознатите одредишта во Шпанија поради својата историја и култура, но и по славната трка со бикови и фестивалот Сан Фермин кој се одржува секоја година од 6 до 14 јули и кој му послужил на Хемингвеј како инспирација за романот „Сонцето повторно изгрева“. Трката со бикови е спектакуларна традиција каде илјадници посетители трчаат по градските улици додека биковите ги следат до арената. Освен ова, фестивалот е познат по музика, танц и традиционални баскиски јадења. Меѓу најзначајните знаменитости се градската тврдина од XVI век, арената за корида, палатата Навара – седиште на владата, Катедралата Света Марија од XIII век (место на крунисување на кралевите на Навара), барокната градска куќа, црквата Свети Никола, Францускиот портал и други. По разгледувањето – слободно време. Враќање во Билбао. Ноќевање.
4 ДЕН. 12.04.2026 Билбао – Виторија – Лагуардија – Билбао (220 км)
Појадок. Целодневен излет до Виторија и Лагуардија (траење околу 8–9 часа). Виторија (Gasteiz) е главен град на покраината Алава и на регионот Баскија. Позната е како еден од најзелените градови во Шпанија и во 2012 година ја доби титулата „Зелена престолнина на Европа“. Основана е од Санчо VI, кралот на Навара, кон крајот на XII век. За време на разгледувањето ќе се посетат плоштадот на Девицата Бела (Plaza de la Virgen Blanca), готската катедрала од XIII век, палатата Бендана (со музеј со најголемата колекција на игрални карти во Европа) и зградата на парламентот на Баскија. Потоа продолжување кон Лагуардија – мал утврден град од X век, создаден како одбранбена тврдина на кралството Навара. Сместен е во покраината Алава во прочуениот вински регион Риоха Алавеса. Градот е на рид, опкружен со лозја и пејзажи на Кантабриските Планини. Пешачка тура низ стариот град, старите ѕидини и црквите посветени на Девицата Марија и Св. Јован Крстител. Следува посета на локална визба со дегустација на вино. Враќање во Билбао. Ноќевање.
5 ДЕН. 13.04.2026 Билбао – Бијариц – Сен Жан де Луз – Сан Себастијан – Билбао (301 км)
Појадок. Целодневен излет до Бијариц, Сен Жан де Луз и Сан Себастијан (траење околу 11–12 часа). Бијариц, некогаш мало рибарско село на брегот на Атлантикот во Франција, станува прочуен во XIX век кога царицата Евгенија, сопругата на Наполеон III, овде изградила раскошна вила – денес познатиот „Hotel du Palais“, симбол на аристократскиот дух на француската Баскија. Во Бијариц ќе се види старата лука, светилникот, православната црква, центарот на градот и вилата на царицата Евгенија. Потоа се продолжува кон Сен Жан де Луз (на баскиски: Donibane Lohizune) – шармантен приморски град во регионот Нова Аквитанија, близу француско-шпанската граница. Познат е по своето поморско наследство, убавата архитектура и опуштената атмосфера. Најпознат настан е венчавката на францускиот крал Луј XIV со шпанската принцеза Марија Терезија во 1660 год, со која се запечатил мирот меѓу двете земји. Црквата Saint Jean Baptiste, каде што се одржала венчавката, сеуште е главна атракција. Градот е полн со традиционални баскиски куќи со бели фасади и обоени дрвени детали, како и бројни продавници со локални производи (шунка, сирење, макарони, баскиски колач Gâteau Basque). Следува посета на Сан Себастијан (Donostia) – вистински бисер на кантaбриското крајбрежје и главен град на провинцијата Гипускоа. Сместен е во заливот Ла Конча, опкружен со ридовите Монте Игелдо и Монте Ургул, на чиј врв се наоѓа статуа на Христос. Градот е познат по престижниот Меѓународен филмски фестивал „Златна школка“, по својата „арт нуво“ архитектура и по вкусната гастрономија. Ќе се посетат Ayuntamiento de San Sebastian (градската куќа – поранешно казино), стариот град, главниот плоштад (Plaza de la Constitución), рибарската лука, театарот Викторија Евгенија и градскиот парк Алдерди. По разгледувањето – слободно време, потоа враќање во Билбао. Ноќевање.
6 ДЕН. 14.04.2026 БЕЛГРАД – МИНХЕН – БИЛБАО
Појадок и одјавување од хотел. Слободно време до трансферот – идеална можност за посета на музејот Гугенхајм и ручек по сопствен избор. Трансфер до аеродром. Лет за Минхен со Lufthansa, лет LH1829 во 18:35 часот. Пристигнување во Минхен во 20:55 часот. Потоа лет за Белград LH1738 во 21:45 часот. Пристигнување во Белград во 23:15 часот. Крај на програмата.
|
БАСКИЈА – ВЕЛИГДЕН ХОТЕЛ 4* Ноќевање со појадок + богата програма |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 09.04.2026 – 14.04.2026 |
| УСЛУГИ | Ноевање со појадок | |
| НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 5 Ноќи / 6 Дена | |
| Цена по лице во двокреветна соба | 1.140 € / 70.680 мкд | |
| Доплата за еднокреветна соба | 315 € / 19.530 мкд | |
| Попуст за дете од 02 - 10,99 години | -70 € / - 4.340 мкд | |
Во цената е вклучено:
•Авионски превоз на релација Белград – Минхен – Билбао – Минхен – Белград, со Lufthanza.
• Аеродромски такси – окулу 180еур (износот е подложен на промени).
• 5 ноќевања во хотел 4* во Билбао (HOTEL SILKEN INDAUTXU 4*, или сличен)
• Автобуски трансфери и панорамски разгледувања според програмата.
• Фламенко Шоу во Севиља, Алхамбра Палата, Голема Џамија во Кордоба.
• Водич – придружник на групата за време на престојот на српски јазик. • Организација на аранжманот.
Во цената не е вклучено:
• Превоз до / од аеродромот во Белград.
• Патничко здравствено осигурување.
• Осигурување од отказ на аранжманот.
• Дополнителни оброци, пијалоци, други индивидуални трошоци и услуги кои не се наведени во програмата.
• Бакшиши за локалните водичи и возачи.
Важни Забелешки:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 25 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна 21 ден пред поаѓање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот го задржува правото за отказ или промена на програмата најдоцна 7дена пред поаѓање.
• За оваа програма важат општите услови на патување на СКТМ.