
ЛИСАБОН
Главниот и најголем град на Португалија, Лисабон е место каде модерниот живот и традицијата се испреплетуваат со вистински шарм. Градот го одразува бојите и духот на португалската култура – од плоштадот Маркиз де Помбал и авенијата на Слободата, до живиот центар Росио, плоштадот Педро IV и Реставрадорес, симболите на ослободувањето од шпанската власт. Еден од најпознатите споменици е Плоштадот Комерцио, црквата и манастирот на Свети Јероним – претставуваат град дел од светското културно наследство под заштита на УНЕСКО.
ПОРТО
Вториот по големина град во земјата, Порто, сместен во живописниот северен дел на Португалија, на брегот на Атлантикот. Познат по прочуеното вино Порто, по богатата историја и шарените улици покрај реката Доуро, градот нуди спој на создавања автентичност и живот. Старите квартови, прекрасните мостови и бројните кафулиња и вински барови му даваат посебен шарм што го прави еден од најубавите и најпосетените европски градови.
План и програма: 06.03. - 12.2026.
06. март (петок) СКОПЈЕ – ЦИРИХ – ЛИСАБОН
Собир на патниците на аеродромот во Скопје два часа пред лет, во 06:55 часот. Полетување за Цирих во 08:55 и пристигнување во 10:15 часот. Полетување од Цирих во 12:35 и пристигнување во Лисабон во 14:35 часот по локално време. Трансфер до хотел со панорамски разглед (околу 2-3 часа) на португалската престолнина која ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик. Ќе ги посетиме најважните места во Лисабон: плоштадот Реставрадорес, елегантната Авенија на Слободата, кружниот тек на Маркиз де Помбал. Првите впечатоци ќе ги направиме во Паркот Едуард VII, најголемиот јавен парк во Лисабон. Потоа анимација кон историскиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме симболот на градот, прекрасната кула Белем која започнала да се изградува од 16 век, споменикот на откривачите, како и уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Сместување во хотел. Вечерта, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
07. март (сабота) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА (Синтра, Кашкаиш, Кабо да Рока, Есторил)
Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра (околу 8 часа), живописен град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпознатите палати во Португалија, изградена во 19 век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обојени терасите и кулите и така претставува совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води кон Кашкаиш, некогашно рибарско село, денес модерна летувалишна локација со елегантен хотелски и забавен живот. Ова монденско гратче е познато по своето казино, еден од најголемите во Европа. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
08. март (недела) ЛИСАБОН
Појадок. Организирана посета на квартот Алфама (со јавен превоз), возење со стариот трамвај бр. 28, прошетка низ стариот град сместен во тврдината/замокот Свети Ѓорѓи, потоа посета на Катедралата, посета на националниот Пантеон. Следи посета на местото од град каде се наоѓа мостот 25ти април (сличен на мостот во Сан Франциско). Потоа посета на квартот со вибрантен ноќен живот и розевата улица. Враќање во хотел, индивидуално со јавен превоз. Факултативно, вечера со ритамот на специфичната португалска музика – Фадо. Ноќевање.
09. март (понеделник) ЛИСАБОН – АЛКОБАЦА – БАТАЉА – КОИМБРА – ПОРТО
Појадок. Организиран трансфер до Порто. Патот поминува низ Алкобача. Посета на манастирот Санта Марија д’Алкобача – основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата на архитектонскиот стил, убавината на материјалите и грандиозниот гроб на кралот го прават ремек дело на црковната уметност. Патувањето продолжува кон Баталја каде ќе го посетиме националното светилиште на Португалија, ремек-дело на готската архитектура, вклучено на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век). Продолжуваме до Коимбра, еден од најзначајните универзитети во Европа. Посета на Универзитетот со невообичаена извонредна кралска библиотека. Заминување за Порто. Сместување во хотел. Слободно време за уживање со добро кафе во кафуле Бај Махестик. Ноќевање.
10. март (вторник) ПОРТО
Појадок. Прошетка по улицата Света Катерина. Порто е нераскинливо поврзан со реката Доуро, каде се наоѓа величествениот мост Дон Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката продолжува преку мостот до квартот Вила Нова де Гаја кој изобилува со вински подруми. Ќе дегустираме локални вина од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Доуро со своите лозја и вински визби. Можност за крстарење по реката Доуро. Ноќевање.
11. март (среда) БРАГА – ГИМАРАЕШ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет во северна Португалија. Посета на Брага, главниот град на поранешната провинција Минхо, која била седиште на Галиција (денес Шпанија и Португалија). Посета на најпознатото светилиште Бом Жезус до Монте (Добриот Исус на Ридот) од 315 м над градот, каде се стигнува по величествена барокна скала. Продолжување кон Гимараеш, град под заштита на УНЕСКО, родно место на португалскиот крал Алфонсо Енрикеш. Ќе ја видиме тврдината, палатата на војводите од Браганса и стариот средновековен дел од градот. Враќање во хотел. Факултативна вечера. Ноќевање.
12. март (четврток)ПОРТО – ЦИРИХ – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Порто. Полетување за Цирих во 12:05 часот. Пристигнување во Цирих во 15:30 часот и полетување за Скопје во 18:20. Пристигнување во Скопје во 20:40 часот.
|
ПОРТУГАЛИЈА ЛИСАБОН & ПОРТО ХОТЕЛ 3* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 06.03 - 12.03.2026 |
| УСЛУГИ | 6 BB | |
| НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 6Н / 7Д | |
| Цена по лице во двокреветна соба | 1095€ / 67.89000 мкд | |
| EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025 | 955€ / 59.210 мкд | |
| Попуст за дете од 2 до 11,99 год* | -40€ / -2.480 мкд | |
| Доплата за еднокреветна соба | 280€ / 17.360 мкд | |
| * Сместување на трето лице (дополнителен лежај – софа на отварање) само на барање доколку има расположливи соби! | ||
Во цената е вклучено:
Авионоски превоз со Swiss International Airlines на релација Скопје–Цирих–Лисабон и Порто–Цирих–Скопје.
Аеродромски такси.
Рачен багаж (1 парче /торба до 8 kg).
Трансфер од аеродромот до хотелот во Лисабон со панорамски разглед на градот.
Разглед и прошетка низ Лисабон.
Трансфер од Лисабон до Порто со патописен разглед на Алкобача, Баталја и Коимбра според програмата.
Разглед и прошетка низ Порто според програмата.
Трансфер од хотелот до Порто до аеродромот.
3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто.
3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лисабон.
Напомена: хотелите не располагаат со трокреветни соби!
На барање може да се смести максимум едно дете во соба на дополнително легло.
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса – се плаќа во хотелите на рецепција (4€ по лице од ноќевање).
Чекиран багаж / куфер – со доплата (цена два дена пред поаѓање).
Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата Пена – 115 евра (пријавување во агенција).
Факултативна вечера со Фадо – 100 евра (трансфер, панорамски разглед на Лисабон, вечера со програма, вкупно времетраење околу 4 часа – пријавување во агенција).
Факултативен излет Брага и Гимараеш – 110 евра (пријавување во агенција).
Влезници во локалитетите и манастирите.
Карти за локален превоз (метро).
Задолжително патничко – здравствено осигурување.
Забелешки:
За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја коригира / зголеми цената на истиот.
За резервација потребен е аванс од минимум 40% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот.
Програмата е подготвена на разглед и истата може да претрпи промени во зависност од состојбата на летови и други објективни причини.
Организаторот го задржува правото да изврши промена на редот на програмата без промена на нејзината содржина (време на летови, аеродромски такси), да ги промени и цените на аранжманите во случај на промени на цената на превозот (авиобилетите).
Минимален број за реализација на факултативните излети е 20 патници, во спротивно цената може да биде дополнително коригирана.
Како би се избегнале недоразбирања, потребно е при резервација и осигурена реализација на факултативните излети, изјаснување и навремено пријавување. Пријавувањето се врши во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
Патникот со уплата на аранжманот потврдува дека е запознаен со програмата, условите на патување и дека целосно се согласува со нив.
Организаторот не одговара за изгубен или оштетен багаж, како и за евентуални штети направени од страна на патникот.