
Ден 1 – 02.03.2026 СКОПЈЕ – ВИЕНА – МИНХЕН – ПЕКИНГ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 02:30 часот. Полетување од Скопје за Виена во 04:30 часот, лет број OS764 со лет на авиокомпанијата Austrian Airlines. Слетување во Виена во 06:05 часот, локално време. Продолжување на летот за Минхен во 13:20 часот и пристигнување во 14:20 часот, локално време. Полетување од Минхен за Пекинг во 19:05 часот.
Ден 2 – 03.03.2026 ПЕКИНГ
Пристигнување на меѓународниот аеродром во Пекинг во 12:25 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер до хотелот.
По пат до хотелот, застанување кај Олимписките стадиони – „Птичјо гнездо“ (Националниот стадион) и „Водена коцка“ (Национален воден центар), каде ќе имате можност да направите прекрасни фотографии. Двата објекта беа изградени за Летните олимписки игри во 2008 година и повторно искористени за Зимските олимписки игри во 2022 година.
Вечера. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 3 – 04.03.2026 ПЕКИНГ
Појадок. По појадокот, посета на Небесниот храм (Temple of Heaven), најголемиот и најзначаен кинески храм, ремек-дело меѓу древните кинески храмови. Првично, Небесниот храм бил место каде што императорите од династиите Минг (1368–1644) и Ќинг (1644–1911) ги одржувале церемониите за обожување на Небото, молејќи се за добра жетва и мир во царството.
Во 1998 година овој храм е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО. Потоа следи возење со рикши низ традиционалните улици Хутонг (Hutong), каде ќе доживеете автентична атмосфера на стариот Пекинг.
Разглед на градот продолжува со Плоштадот Тјенанмен (Tiananmen Square), најголемиот плоштад во светот и еден од најпознатите симболи на Кина. Тој е сведок на многу значајни настани од кинеската историја.
Потоа следи обиколка на величествениот Забранет град (Forbidden City), со неговите бројни палати, павилјони и градини, вистински богатства на кинеската архитектура и уметност. Можеби најголемиот комплекс на палати во светот, изграден од 24 кинески императори. Вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО, Забранетиот град има околу 500 години историја и служел како политички и ритуален центар на Кина за време на династиите Минг и Ќинг.
Зафати површина од 720.000 м² со повеќе од 980 згради и 9.999 соби, и е една од најголемите и најдобро зачувани колекции на древни градби во Кина, т.н. „Град во град“.
На крај следи посета на фабриката за бисери, каде можете да најдете накит изработен од едни од најдобрите бисери.
Организирана вечера со традиционалната позната пекиншка патка. Навечер можност за факултативен излет – Акробатско шоу (35€ по лице).
Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 4 – 05.03.2026 ПЕКИНГ – СИАН
Појадок. По појадокот, целодневна екскурзија до Големиот Кинески ѕид. Големиот Кинески ѕид се простира повеќе од 2.000 километри и се протега повеќе од 4.800 километри низ неколку провинции во северна Кина, со вкупна должина од околу 21.000 километри, што го прави едно од најимпресивните ремек-дела на планетата.
Кинескиот ѕид во облик на џиновска змија, со висина од околу 8 метри, се протега низ планини, долини и шуми, уникатна архитектонска градба, вградена во пејзажот, безвременски сведок за величината на древна Кина.
Потоа следи посета на Летната палата (Summer Palace), комплекс од палати, градини и езера, која се користела како летна резиденција на членовите на владејачкото семејство за време на династијата Ќинг (Qing). На крај следи церемонија на чај.
Вечера. Трансфер до железничката станица, по што следи возење со прочуениот брз воз – bullet train до Си’ан (Xian). Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 5 – 06.03.2026 СИАН
Појадок. Посета на фабриката за изработка на реплики на теракотните војници, каде што занаетчиите изработуваат минијатурни копии од прочуените глинени војници.
Посета на едно од најголемите археолошки откритија во светот, вклучено во светското културно наследство на УНЕСКО – Музејот на Теракотната армија, изграден по наредба на првиот кинески император Ќин Шихуанг (Qin Shihuang), со цел неговата армија да го чува и во задгробниот живот.
Досега се откриени околу 8.000 реалистични фигури на теракотни војници, коњи и коли во природна големина.
Потоа следи посета на Пагодата на Дивата Гуска (Wild Goose Pagoda), симбол на величественоста на династијата Ќинг.
Се продолжува кон Плоштадот Bell & Drum Tower square, каде се наоѓаат Кулата на ѕвонот (Bell Tower) – стара повеќе од 600 години, и Кулата на тапаните (Drum Tower) – најголемата од ваков вид во Кина, две извонредни примери на архитектура од династијата Минг.
Секое тропање ѕвонење на ѕвоното и веројатно ударите на тапанот претставуваат древни повици што одекнуваат низ вековите.
На крај се посетува муслиманскиот пазар (Muslim Market), кој последните години прерасна во туристичка атракција.
Вечера со традиционални кинески ќинди (Dumplings Dinner). Навечер можност за факултативен излет – Шоу од династијата Танг (40€ по лице).
Ноќевање.
Ден 6 – 07.03.2026 СИАН – ШАНГАЈ
Појадок. По појадокот, трансфер до железничката станица и возење со брз воз – bullet train (G362, 08:51 – 15:06) до Шангај.
По пристигнувањето во Шангај, посета на храмот Ју (Yu Garden), прекрасна традиционална градина во срцето на градот. Прошетка низ елегантните павилјони, мостови и езера со риби, и восхитете се на уметничките детали на традиционалната архитектура.
Следи посета на прочуениот брег Бунд (The Bund), најпознатата знаменитост на Шангај, симбол на модерната архитектура, со панорамски поглед кон градот и неговиот брз стил.
Следи возење со бродче по реката Хуангпу до Пудонг (Pudong), преку реката Хуангпу (Huangpu River), каде се наоѓаат највисоките облакодери во Шангај, како Oriental Pearl TV Tower, Jin Mao Tower, Shanghai World Financial Center и Shanghai Tower – некои од највисоките згради во светот.
Навечер уживање во шармантниот град.
Вечера. Ноќевање.
Ден 7 – 08.03.2026 ШАНГАЈ
Појадок. По појадокот, организиран излет до водениот град Тонгли (Tongli Water Town) со разгледување и обиколка со чамец низ каналите. Водениот град Тонгли се смета за еден од шесте познати древни водени градови јужно од реката Јангце, кој се наоѓа на околу 90 км оддалеченост од Шангај.
Како посебен елемент што го оближува овој дел од Кина, тоа е водата. Луѓето живееле и напредувале помеѓу овие езера, водни патишта и канали илјадници години.
Тонгли е изграден за време на династијата Сонг (Song) и има историја долга повеќе од илјада години.
Овој мал, но неверојатно фотогеничен воден град не само што има бројни канали, мостови и мостчиња, туку се гордее и со класична кинеска градина заштитена од УНЕСКО, древни храмови и тесни улички.
Ручек. Враќање во хотел во Шангај. Ноќевање.
Ден 8 – 09.03.2026 ШАНГАЈ – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет – посета на ТВ кулата Ориентал Перл (Oriental Pearl TV Tower), со висина од 468 метри, шестата највисока во светот и втора највисока ТВ и радио кула во Кина.
Покрај нејзината височина, кулата е позната и по својот уникатен архитектонски дизајн, кој ја прави една од најпрепознатливите знаменитости на Шангај.
Посетителите имаат можност да се искачат и да уживаат во двоспратниот лифт кој прима до педесет лица и се движи со брзина од седум метри во секунда, овозможувајќи возбудливо и удобно патување до највисоките платформи со величествен панорамски поглед кон градот.
Потоа следи прошетка низ креативната четврт Тианзифанг (Tianzifang), област со уникатна архитектура на стариот Шангај, полно со мали бутици, галерии и продавници со уметнички ракотворби.
(Цена по лице: 65€ по лице.)
Вечера.
Вечерта организиран трансфер до аеродромот во Шангај. Полетување од Шангај за Виена во 00:10 часот, локално време, со лет број OS 066.
Слетување во Виена во 06:05 часот, локално време.
Полетување од Виена за Скопје во 10:15 часот.
Слетување во Скопје во 11:45 часот, по локално време.
|
КИНА ПЕКИНГ СИАН & ШАНГАЈ ХОТЕЛИ 4* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 02.03 - 10.03.2026 |
| УСЛУГИ | 6 HB | |
| НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 6H / 8Д | |
| Цена по лице во двокреветна соба | 1.895€ / 117.490 мкд | |
| РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025 | 1.745€ / 108.190 мкд | |
| Попуст за дете од 2 до 11,99 год* | -100€ / -6.200 мкд | |
| Доплата за еднокреветна соба | 240€ / 14.880 мкд | |
| ***Сместување на трето лице (дополнителен лежај - софа на отварање) само на барање доколку има расположливи соби! | ||
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
• Повратни авионски билети на релација Скопје – Пекинг / Шангај – Скопје, со авиокомпаниите Lufthansa и Austrian Airlines, со вклучени аеродромски такси.
• Вклучен багаж: 1 парче чекиран багаж до макс. 20 кг. и 1 парче рачен багаж до макс. 8 кг.
• Пречек и асистенција на аеродромот од страна на локалниот партнер.
• Сите трансфери и превоз спрема програмата.
• 2 ноќевања во хотел 4* во Пекинг со појадок (Beijing Qianmen jianguo hotel или Boyue Beijing hotel или Beijing Guangxi Hotel или сличен во Пекинг).
• 2 ноќевања во хотел 4* во Сиан со појадок во хотел со 4* (Xi'an Bell Tower Hotel или сличен во Сиан). ✓ 2 ноќевања во хотел 4* во Шангај со појадок (Shanghai Ocean Hotel или сличен во Шангај).
• 7 вечери спрема програмата, вклучувајќи вечера со пекиншка патка во Пекинг и вечера со кнедли во Сиан.
• Сите разгледи и влезници во објектите кои се посетуваат спрема програмата. ✓ Билет со брз воз (bullet train) на релација Пекинг – Сиан и на релација Сиан – Шангај.
• Напомена: хотелите НЕ располагаат со трикреветни соби!
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување.
• Бакшиши за локалните водичи и возачи кои се задолжителни.
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци, и услуги надвор од програмата.
• Факултативни екскурзии.
• Акробатско шоу (35€ еур по лице).
• Шоу од династијата Танг (40€ по лице). Кулата Ориентал Перл и Тианзифанг (Цена по лице: €65 по лице).
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕТО:
• За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за влез во Кина, за престој помалку од 30 дена.
• Патниците кој патуваат со друг пасош да проверат во својата амбасада дали им е потребна виза за влез во Кина.
• При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува.
• Локалното време е плус 7 часа во однос на времето во Македонија. • Кина е земја каде што е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани, автобуси...
ЗАБЕЛЕШКИ:
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот. • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини. • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е минимум 10 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана. • Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето