МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
МАЈСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
Автобуски програми - Врњачка Бања - Хотел Пегаз 4* - 06.03. - 08.03.2026
Врњачка Бања - Хотел Пегаз 4* - 06.03. - 08.03.2026

PEGAZ Holiday Resort **** ВРЊАЧКА БАЊА

06.03.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – КУМАНОВО – ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата во 07.00ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 07.30ч. од Скопје и 08:00ч од Куманово. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања и сместување во Хотел Пегаз 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот на хотелот, или за идивидуални прошетки низ познатата Променада – срцето на бањата. Исполнета со уредени алеи, фонтани, минерални извори, Јапански парк, парк Језеро, парк Шеталиште, Мост на љубовта, културни споменици, најпознатитот симбол врабецот Гочко, плоштадот на Култура како и многубројни кафулиња, ресторани, сувенирници со локални производи. Во едно кажано спој на прошетка, уживање и атмосфера што одговара на сите вкусови. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

07.03.2026 (САБОТАВРЊАЧКА БАЊА – AKOV ДЕСТИЛЕРИЈА – КРАЉЕВО – ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на  хотелот, прошетки во Врњачка Бања или  факултативна посета на дестилеријата Akov во Краљево каде што ќе имате можност да ги видите сите процеси за правење  ракија со можност за дегустација, како и слободно време за прошетка и шопинг во Краљево – идеално место за релаксација, културни откритија и современ туристички доживувања. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

08.03.2026 (НЕДЕЛА) ВРЊАЧКА БАЊА – КУМАНОВО – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, уживајте во слободно време на кратки прошетки низ Врњачка Бања. Предлагаме да започнете од Мостот на љубовта – препознатливиот симбол на бањата, каде посетителите оставаат катанци како знак на вечна љубов и создаваат незаборавни спомени. Потоа, откријте ја Јапонската градина, мирна и естетски уредена оаза инспирирана од традиционалната јапонска култура и филозофија. За љубителите на природата, кратка прошетка до минералните извори нуди уникатна можност да се запознаете со лековитите води на бањата и нивните благотворни ефекти за здравјето. Во договорено време враќање во хотелот. Организиран свечен ручек во ресторанот на хотелот со музички програм по повод меѓународниот ден на жената. По свечениот ручек одјава од собите. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

06.03.2026 – 08.03.2026

2 ноќевања на база појадок и вечера (шведска маса) и организиран свечен ручек на 08.03. со вклучен автобуски превоз

Цена по лице

199 €

Трето возрасно лице

189 €

Доплата за дете 2–6,99 години (со седиште во бус)

95 €

Доплата за дете 7–11,99 години (со седиште во бус)

135 €


МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE CREDIT

 

Во цената e вклучено:

  • Автобуски превоз Скопје – Куманово – Врњачка Бања – Куманово – Скопје
  • 2 ноќевања со појадок и вечера (шведска маса);
  • 08.03. – свечен празничен ручек со музички програм;
  • Сместување во двокреветни соби, студија или апартмани;
  • Бесплатно користење на slowellness центар – внатрешен базен, кади за хидромасажа, солена соба со негатив јони, парна бања, финска сауна, инфра сауна, амфитеатарска сауна, био сауна, инфра небо, via sensus, солена сауна, соба за одмор;
  • Паркинг и Wi-fi;
  • 10% попуст на сите масажи и третмани;
  • Детско катче со аниматор;
  • Доцна одјава во хотелот на 08.03. (late check out)
  • Туристички придружник за време на целото патување;

 

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса за возрасни – 1.70 € по лице на ден, за деца од 7-15 години – 0.95 € , деца од 0-7 години – 0.30 € ( се плаќа во агенција )
  • 07.03. – факултативна посета на Akov дестилерија со дегустација – 15 € по лице: AKOV Premium Rakija – Дестилерија AKOV – Краљево  (факултативно, се плаќа во автобус);
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • Индивидуални трошоци и други неспоменати услуги

 

Услови за сопствен превоз:

  • Се одбива 60 € по лице од цените во табелите за возрасни лица
  • Се одбива 45 € по лице од цените во табелите за деца

 

НАПОМЕНИ:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 10 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 35 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.