АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Мадрид
Madrid Travel Guide | Insider tips, hidden gems, itineraries and more
1 ден (10.04.2026) Скопје – Мадрид
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
2 ден (11.04.2026) МАДРИД
Појадок. После појадокот се упатуваме на панорамско разгледување на градот. Во модерниот дел од градот ќе ги видиме : 5те кули и останатите облакодери и споменици во Paseo de la Castellana како и стадионот Santiago Bernabeu, Korida Ventas, плоштад Kolumba, паркот Retiro, улицата Paseo de Prado каде што се наоѓаат многубројните музеи, Eгипетскиот храм Debot и поминување низ улицата Gran Via. По завршување на панорамскиот разглед слободно време. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
 
3 ден (12.04.2026) МАДРИД - ТОЛЕДО
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање
 
4 ден (13.04.2026) МАДРИД
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата).... Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:50ч.
 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €

ЗА ПРВИТЕ 8 ПРИЈАВЕНИ !
РЕДОВНА ЦЕНА :  559 €

 

Во цената е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Мадрид - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од 8 кг (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Доплата за еднокреветна соба  200 €;
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз со метро

 

ФАКУЛТАТИВИ

  • Разглед со локален водич и трансфер - 45 €;
  • Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 75 €;


Задолжително минимум една факултатива - пријавување во агенција

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.