ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
WELLNESS & SPA - Jelak 4* - Луковска Бања
Jelak 4* - Луковска Бања
Хотел Јелак, Копаоник и Бела Јела- Луковска Бања - Туристичка Агенција Ариес
Локација и опис: Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Сместување: хотелот Јелак располага со 63 соби и 4 апартмани, двокреветни (со 2 класични кревети или со француски кревет), трокреветни (француски кревет и 1 еднинечен кревет), апартмани (спална со француски кревет и дневна соба). Собите се опремени со: ТВ, телефон, Wi-Fi интернет конекција (бесплатно), сопствен тоалет, бањарки и фен за коса.
Хотелски содржини: ресторан, кафе бар, медицински центар за прегледи и терапии (со работно време и во викенди и за празници), 2 тераписко-рекреативни базени со термална вода и подводни млазови со температува 33-35⁰C (1 внатрешен, 1 надворешен), сауна, солена соба, парно купатило, џакузи, топли клупи – тепидариум, тропски тушеви, конференциска сала.  

 

Хотел Јелак Јануари – Март Април Мај Јуни Јули – Септември Октомври Ноември – Декември
Основен Пакет 59 60 61 63 65 63 61