Појадок.
После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на шпанската престолнина, каде прво ќе го посетиме постариот дел од градот и неговите познати плоштади, а потоа и поновиот дел од градот. Плаза де Еспања, Пуерта дел Сол,Плаза де Кастиља, и ќе направиме пауза на главниот градски плоштад Плаза Мајор и ќе имаме можност да го видиме најстариот градски ресторан Собрино де Ботин, продолжуваме со катедралата Санта Марија де Реал де Алмудена, Латинскиот кварт, споменикот на Филип IV,Кралската палата Паласио Реал, Гран Виа, Ајунтаменто де Мадрид-зградата на градскиот совет, Пуерта де Алкала,триумфалната капија која се смета за една од најстарите постримски триумфални капии во Европа,постара од онаа во Париз или Берлин-Плаза де ла Индепенденсија. По ручекот, предлагаме посета на еден од фантастичните музеи со кои може да се пофали Мадрид Прадо,кој е еден од најбогатите музеи во светот,со најдобрата светска колекција на дела од познати шпански уметници : Веласкез,Ел Греко,Гоја,Рибера,Муриљо,или “Центро дел арте Реина Софија”-со постојана изложба на дела од сликарите Миро,Дали каде што се наоѓа познатата “Герника” на Пикасо.Предлагаме прошетка низ Ретиро,познатиот кралски парк во центарот на градот,популарно место за одмор за жителите на градот,кој вклучува езерце,градина со рози,неколку музеи,стаклениот павилјон Паласио де Кристал,изграден по лондонскиот Кристален дворец,познати шеталишта со разни скулптури…. Вечерта,предлагаме вечера со фламенко(со доплата).
Ноќевање.
3 ден Факултативен полудневен излет во ТОЛЕДО
Појадок.
(време траење на патување 6 часа)
За денес предлагаме полудневен факултативен излет до прекрасниот Толедо(приближно 70км.),средновековен град-музеј под заштита на УНЕСКО со фасцинантна архитектура,познат и како град на три култури-христијанска,еврејска и исламска.Големиот сликар Ел Греко живеел таму во 16-тиот век.По пристигнувањето во Толедо,прво се посетува видиковецот Мирадор дел Вале или Мирадор дел Толедо,од каде што има фантастичен поглед на самиот град.Потоа следи прошетка низ историскиот дел од градот во придружба на локален водич(надворешен поглед)катедрала,манастир Сан Хуан де лос рејес,Алказар,црква Св.Тома,музеј на Ел греко-синагога Санта Марија Ла Бланка,Мескита, главниот градски плоштад Плаза Зокодовер,Арко де Санфре,споменик на Сервантес.Овој град е исто така лавиринт од тесни улички,шармантни барови и продавници за сувенири,па затоа има и кратко слободно време за откривање на гастономската и туристичката понуда на градот.Во договореното време,средба со водичот на турата.Враќање во Мадрид.Слободна вечер за истражување на ноќниот живот во Мадрид.Ноќевање.
4 ден Мадрид - Скопје