АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Солун

Thessaloniki Lights its Christmas Tree on Aristotelous Square (Photos) -  The National Herald

1 ден: 31.12.2025 год.

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула… Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski (можност да се искористат новогодишните попусти).

Иако Божиќ е празник кој повеќе доаѓа до израз во градовите на некои други европски земји, Солун брзо станува исклучок од правилото, со забавна низа божиќни настани кои се одвиваат низ целиот град. Со Christmas Market, божиќната пазарна сцена во Солун е изненадувачко откритие за оние кои планираат зимска посета. Иако низ градот во одделни населби може да се најдат помали прослави, главниот божиќен базар во Солун може да се најде помеѓу плоштадот Аристотелус и Римската Агора. Тука ќе најдете забавна разновидност на забава за посетители од сите возрасти, од вртелешки и концерти до штандови за храна кои продаваат секакви празнични специјалитети.

Попладне поаѓање за Паралија. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Нова година 2026. Ноќевање.

 

2 ден: 1.1.2026 год.

Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини – живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера. Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Паралија. Ноќевање.
 

 

3 ден: 2.1.2026 год.

Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот.

Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал.

Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода.

Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена на аранжамнот: 125€ / (7.750 мкд)

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел 3* во Паралија на база две ноќевања со појадок
  • Разгледување и шопинг во Солун
  • ГРАТИС посета на водопадите во Воден
  • Организација и пратител на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Факултативен излет до Литохоро и Катерини - 5 евра; (минимум 30 лица пријавени за реализација)
  • Новогодишна вечера во таверна
  • Влезници за посетите
  • Патничко осигурување (задолжително)

 

Напомени:

  • За реализација на аранжманот Солун Нова година 2025 потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош;
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари