ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Сараево - 05.12. - 08.12.2026
Сараево - 05.12. - 08.12.2026
Sarajevo Tourism & Travel Guide
05.12.2026 | САБОТА - СКОПЈЕ – САРАЕВО

Поаѓања се организираат од повеќе градови во Македонија.

Поаѓањето од Скопје е предвидено околу 22:30 часот.

Патниците добиваат информација за точното време на поаѓање еден ден пред патувањето.

Следува ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ноќно возење.

 
06.12.2026 | НЕДЕЛА - САРАЕВО

Пристигнување во Сараево.

Разглед на Сараево

Следува организиран разглед на градот со локален водич.

Разгледот започнува од Vijećnica и продолжува кон местото каде бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип.

Во рамките на разгледот се предвидени:

  • Vijećnica
  • местото на атентатот врз Франц Фердинанд
  • Хотел Европа
  • австро-унгарскиот дел на градот
  • Плоштад Маршал Тито
  • местото каде е формирана групата INDEXI
  • Бегова џамија
  • Башчаршија

По разгледот следува слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

Во договорено време упатување кон хотелот.

Ноќно Сараево

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

Состанок на групата во 19:00 часот пред хотелот.

Поаѓање кон Илиџа заедно со локален водич.

Следува панорамски вечерен разглед со автобус, со можност за фотографирање на осветленото Сараево.

Турата продолжува кон Avaz Twist Tower, една од највисоките згради во Сараево.

Можност за искачување на околу 142 метри височина, односно 39-ти кат, каде се наоѓа кафетерија и панорамски поглед од 360°.

По завршувањето враќање во хотел.

Ноќевање.

 
07.12.2026 | ПОНЕДЕЛНИК -  КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – ВРЕЛО БУНА – МОСТАР

Појадок во хотел.

Во утринските часови започнува можност за целодневна факултативна екскурзија.

Титов Бункер – Коњиц

Првата локација предвидена за посета е Титовиот Бункер во Коњиц.

Јабланица

Продолжуваме кон Јабланица, место поврзано со Битката на Неретва од 1943 година, позната и како „Битка за ранетите“.

Овде е снимен и познатиот филм „Битка за Неретва“ од 1969 година.

Врело Буна

Следува посета на Врело Буна, еден од најпознатите природни локалитети во Босна и Херцеговина.

Слободно време за прошетка и индивидуални активности.

Мостар

Во договорено време поаѓање кон Мостар.

Разгледот на градот е со локален водич.

Мостар нуди многу повеќе од познатиот мост – живописни продавници, сувенирници, бакарни предмети и традиционални производи.

Особено позната е улицата Кујунџилук, калдрмисана улица со многубројни продавници и локални сувенири.

Во градот се наоѓа и кварт со шарени фасади, познат како „Мостарски Балат“.

Разгледот завршува кај познатиот Стари мост, симболот на Мостар.

Следуваат околу 3 часа слободно време.

Во договорено време враќање во Сараево.

Можност за посета на некој паб во австро-унгарскиот дел, доколку има интерес од групата.

Ноќевање.

 

08.12.2026 | ВТОРНИК - БОСАНСКИ ПИРАМИДИ – ВИШЕГРАД – АНДРИЌГРАД – МАКЕДОНИЈА

Појадок во хотел.

Босански пирамиди

По појадокот можност за посета на локалитетот Босански пирамиди во близина на Високо.

Локалитетот е поврзан со истражувањата на д-р Семир Османагиќ и ги вклучува т.н. Пирамида на Сонцето, Пирамида на Месечината и Пирамида на Босанскиот Змеј.

Во рамките на локалитетот се посетуваат и подземните тунели и простории кои се дел од туристичката презентација на комплексот.

Вишеград

Продолжуваме кон Вишеград, живописен град на реката Дрина.

Патниците имаат можност за факултативно крстарење по Дрина и запознавање со природните и историските убавини на градот.

Групата го посетува познатиот мост изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, кој се наоѓа под заштита на UNESCO и е опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.

Андриќград

Следува посета на Андриќград, познат и како Камен град.

Културниот комплекс е изграден по иницијатива на Емир Кустурица и е отворен за посетители во 2012 година.

Слободно време за прошетка.

Патниците кои нема да ја посетат факултативата до Босанските пирамиди имаат слободно време во хотел, по што се приклучуваат на групата за продолжување кон Вишеград.

Слободно време за ручек.

Во договорено време поаѓање кон Македонија.

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 109eur

 

Во цената е вклучено

  • Превоз

  • Автобуски превоз од Скопје и Куманово
  • Патување на наведената релација
  • Посета на Вишеград
  • Посета на Андриќград
  • Сместување и организација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3★ во Сараево
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената не е вклучено

  • Трансфер од/до Струмица, Гевгелија, Битола, Прилеп, Неготино, Велес и Штип – 10 € по лице / правец
  • Крстарење по Дрина – 10 € по лице
  • Босански пакет – 90 €
  • Историски пакет – 80 €
  • Ноќно Сараево – 15 €
  • Туристичка такса – 2,50 € по лице за две ноќевања
  • Патничко осигурување

 

Факултативни излети

НОЌНО САРАЕВО

15 €
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

Вечерна посета на Сараево, Илиџа, панорамски разглед и можност за посета на Avaz Twist Tower.

Задолжителна уплата во агенција.

 

БОСАНСКИ ПАКЕТ

90 €

Пакетот вклучува:

  • Титов Бункер
  • Јабланица
  • Врело Буна
  • Мостар
  • Босански пирамиди

 

ИСТОРИСКИ ПАКЕТ

80 €

Пакетот вклучува:

  • Титов Бункер
  • Јабланица
  • Врело Буна
  • Мостар

 

КРСТАРЕЊЕ ПО ДРИНА

10 €

Можност за крстарење по реката Дрина во Вишеград и уживање во природните убавини на регионот.