ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Малта -27.11. - 30.11.2026
Малта -27.11. - 30.11.2026
What to Know Before Visiting Malta
27.11. петок Скопје – Малта
Состанок на групата на скопскиот аеродромот 2 часа пред летот. Полетување за за Малта во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:00 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
 
28.11. сабота Малта - Валета – Мдина
Појадок. Предлог - факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата.Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко - катедралата на Свети Јован (St. John’s Co - Cathedral), дом на ремек - делото на Караваџо (Caravaggio) - "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.
 
29.11. недела Малта – Гозо
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 - ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности. Ќе ја посетиме и базиликата TA Pinu - место на чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење за ова прекрасно место. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање
 
30.11. понеделник Малта – Marsaxlokk – Скопје
Појадок. После појадокот се упатуваме во посета Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот.
 
Цена на аранжманот: 299eur
 
Во цената е вклучено:
  • Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта
  • Сместување во хотел 3★ на Малт
  • 3 ноќевања со појадок
  • Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување
  • Професионална организација на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

  • Доплата за куфер од 20 kg – цената се утврдува 2–3 дена пред тргнување
  • Туристичка такса – 2 € по лице / ден – се плаќа во агенција
  • Валета и централна Малта – 55 €
  • Островот Гозо – 60 €
  • Marsaxlokk – 30 €
  • Ручек за време на факултативните излети
  • Влезници во објекти и локалитети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко-здравствено осигурување

 

Факултативни излети:

ВАЛЕТА + ЦЕНТРАЛНА МАЛТА

55eur

Полудневен факултативен излет.

Во цената се вклучени:

  • организиран трансфер
  • локален водич

Во рамките на програмата се посетуваат Мдина, Моста и Валета.

 
ОСТРОВОТ ГОЗО
60eur

Целодневен факултативен излет.

Во цената се вклучени:

  • организиран трансфер
  • брод
  • локален водич

Посета на Victoria, Цитаделата, Xlendi и базиликата Ta' Pinu.

 

MARSAXLOKK

30eur

Факултативниот излет вклучува:

  • организиран трансфер
  • придружник од агенцијата

Посета на најголемото рибарско село на Малта.

Оваа факултативна посета е задолжителна.

 

MARSAXLOKK – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ!

 

Важна напомена за факултативите

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.

Реализацијата на факултативите зависи од:

  • минимум 16 пријавени патници
  • достапност на влезници во моментот на резервација

Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

 

Напомени:

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
  • Организаторот има право да го промени денот или часот на патувањето, како и да направи промена на програмата и да ги изврши потребните измени доколку се променат условите за патување.
  • Ова се однесува на околности како променет распоред на лет, принудно слетување, задржување на граница, застој во сообраќајот, затворање на предвидена локација, визни промени, безбедносна состојба, природни непогоди или други вонредни, објективни околности и виша сила, без обврска за надомест на штета на патникот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на панорамските разгледи не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.