ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2027 - ГРЦИЈА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Боготувачка Бања - 31.12 - 03.01.2027
Боготувачка Бања - 31.12 - 03.01.2027

Oaza mira i tišine: Manje poznata lekovita srpska banja koju su velike  gužve zaobišle | Srbija | Direktno

ПРВ ДЕН – 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) БИТОЛА/СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА

Состанок на групата во Битола во 2:45 мин. Поаѓање кон Скопје во 03:00ч. Патувањето продолжува преку Велес,  со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот (Користење на базен со лековита минерална вода , рекреативни базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило. Во 20.00 часот почеток на  свечената вечера-прослава за Дочек на Новата 2027 Година со музика и неограничени домашни пијалоци! Ноќевање

 

ВТОР ДЕН – 01.01.2027 (ПЕТОК)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА

Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената.  Во 20.00 часот свечена вечера реприза со музика и неограничен домашни пијалоци! Ноќевање

 

ТРЕТ ДЕН – 02.01.2027 (САБОТА)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-КРАЉЕВО

Појадок. По појадокот мoжност за  факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот  (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црква Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН – 03.01.2027 (НЕДЕЛА) - БОГУТОВАЧКА БАЊА-СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Македонија  во вечерните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА ДО 01.12.2026 - 359€

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 €

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел Минерал 3*, со 3 ноќевања и на располагање базен со лековита минерална вода, рекреативен базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило
  •  2 ноќевања со појадок и вечера но не регуларна туку новогодишна вечера и реприза на 01.01.2026 со неограничени домашни пијалоци и музика & 1 регуларен полупансион на 02.01
  • Сместување во двокреветни соби, 
  • Посета на Манастирот Жича
  • Туристички придружник за време на целото патување
  • Организиран превоз и прием на патници од Велес, Прилеп ,Штип 
  • Организација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативна посета на градот Краљево -10€(доплата на лице место)
  •  Патничко и здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
  • Дете до 1,99год - бесплатно и не користи седиште во автобус
  • Дете од 2-3,99год - 45еур
  • Дете од 4-14,99год - 30% попуст (на барање, бидејки бројот на собите е ограничен)
  • 2 деца се сместуваат во Апартман, и плаќааат по условите погоре (на барање, бидејки бројот на собите е ограничен) 
  • За single соба се доплаќа 45 евра
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање согласно Општите услови за патување.
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
  • Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник 
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување