ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2027 - ГРЦИЈА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Пролом Бања - 05.12. - 08.12.2026
Пролом Бања - 05.12. - 08.12.2026

Discover the forest trails and viewpoints of Prolom Banja - Туристичка  организација Србије

1.Ден 05.12.2026 (сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот на Дрводекор. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со  попатни паузи за одмор и царински формалности.. Пристигнување во Пролом Бања и сместување во хотел Радан. Ручек. Слободно попладне за одмор и уживање во услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање. 

 

2.Ден 06.12.2026 (недела) ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на СПА центарот на хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и коеристење на СПА. Вечера. Ноќевање. 

 

3.Ден 07.12.2026 (недела) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ

Појадок. Доколку дозволат временските услови предлагаме факултативен разглед и посета на ѓаволскиот град Ѓавола Варош. Во пладневните часови враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање. 

 

4.Ден 08.12.2026 (понеделник) ПРОЛОМ БАЊА - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот доколку дозволат временските услови организирана пешачка посета на црквата Лазарица една од ретките црква-брвнара со интересна и специфична приказна. По враќањето напуштање на хотелот и заминување кон Македонија преку граничен премин Блаце. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. (Доколку има патници од Куманово ќе бидат дополнително трансферирани)

 

Промо цена на аранжманот - 225 EUR по лице

Редовна цена на аранжманот - 249 EUR по лице

 

Во цената е вклучено:

Превоз на дадената дестинација

3 ноќевања на услуга полн пансион (појадок, ручек и вечера)

Користење на спа центар, базените во склоп на хотелот со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања

Користење на теретана и фитенс центар

Пешачка посета на црквата Лазарица

Пратител за време на патувањето

Туристичка такса

 

Во цената не е вклучено:

Посета на Ѓавола Варош (ѓаволскиот град) со локален водич и автобуски превоз – 5 евра

Патничко осигурување

Индивидулани трошоци

 

НАПОМЕНИ:

За single соба се доплаќа дополнителни 45 евра

Дете до 6,99 со двајца возрасни на дополнително легло (фотеља на спуштање) плаќа само превоз 30 евра

Дете од 7 до 11,99 со двајца возрасни на дополнително легло (фотеља на спуштање) плаќа 50% од аранжманот

Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта

Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот

Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место