30 декември (среда) — СКОПЈЕ - ЕВИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ „Борис Трајковски“ во 22:30 часот. Поаѓање за Грција во 23:00ч. кон граничниот премин Богородица. Ноќно возење со попатни застанувања за одмори.
31 декември (четврток) — ЕВИЈА - ЕДИПСОС „НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК“
Пристигнување на пристаништето во Глифа во утринските часови. Превоз со траект до пристаништето Агиокампос на островот Евија. Трансфер до Едипсос и краток панорамски разглед на градот. Сместување во „Diethnes Spa Hotel“, слободно време за одмор и релаксација (можност за користење на хотелскиот затворен базен со минерална вода) и вечера. Вечерта е организиран Новогодишен дочек во близок ресторан - таверна, со новогодишно мени и уметничка програма од грчкиот мелос. Ноќевање.
01 јануари (петок) — ЕДИПСОС - ПРОКОПИ
Појадок. Слободно време до заминување на организирана посета на живописното место Прокопи. Индивидуални прошетки и разгледи на селото со можност за посета на црквата која е дел од манастирот посветен на Св.Јован Руски. Во попладневните часови враќање во Едипсос. Вечера. Ноќевање.
02 јануари (сабота) — ЕДИПСОС - АТИНА
Појадок. Слободен ден или факултативна посета на Атина. Утрински превоз со траект од Едипсос до пристаништето во Аркица. Патувањето со автобусот продолжува кон Атина. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Партенон - Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Слободно време за посета на античките локалитети, музеите или туристичкиот центар на градот. Околу 17.00 часот попладне, заминување на групата кон Едипсос. Пристигнување во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.
03 јануари (недела) — ЕДИПСОС - МЕТЕОРИ - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Евија. Патувањето низ Тесалија нè води до градчето Каламбака, во чија непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Изградени над камените карпи кои се издигаат над непрегледната рамнина на Тесалија, уште од средниот век христијанските монаси ги создале како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирници, со несекојдневна можност за уживање во прекрасните панорами. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.