1 ДЕН 26.12.2025 СКОПЈЕ-ВИЕНА
Состанок на групата во 10.30ч на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград... . Ноќно возење.
2 ДЕН 27.12.2025 ВИЕНА-ПРАГА
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН 28.12.2025 ПРАГА-ПАРИЗ Појадок.
Претпладне, факултативно панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.
4 ДЕН 29.12.2025 ПАРИЗ
Во утринските часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност да се искачите на Ајфелова кула (индивидуалнo), Ноќевање.
5 ДЕН 30.12.2025 ПАРИЗ(ВЕРСАЈ - ЛУВР) Појадок. ПАРИЗ(СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ- СЕНА)Појадок.
Препорачуваме прошетка (со метро) со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа, Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување.. Враќање во хотел Ноќевање.
6 ДЕН 31.12.2025 ПАРИЗ ( ЛУВР – ВЕРСАЈ)
Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија Шанзелизе. Враќање во хотел. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Ноќевање.
7 ДЕН 01.01.2026 ПАРИЗ - МИНХЕН
Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета наVal d'Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.
8 ДЕН 02.01.2026МИНХЕН Пристигнуваме во Минхен во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици). Сместување во хотел. Ноќевање.
9 ДЕН 03.01.2026 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.
Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење преку Унгарија, Србија...
10 ДЕН 04.01.2026 СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТза уплата до 31.10.2025: 459 € / 28.460 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 489€ / 30.320 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
(задолжителна резервација при уплата)
НАПОМЕНИ: