ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Авионски Програми - Пaриз (втора програма)
Пaриз (втора програма)

The Best Places To Spend New Year's Eve In Paris

Распослан на бреговите на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како „Град на светлината“, претставува политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој се наоѓаат седишта на бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениума, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања, како и собиралиште на најпознатите светски уметници.

 

Големиот број знаменитости и туристички атракции, како што се дворецот Версај и Фонтенбло, катедралата Нотр Дам, црквата „Сакре Кер“, музеите Лувр, Орсеј и многу други, ќе го направат Вашиот престој во овој град-музеј навистина незаборавен.

 

План и програма: 28.12. - 01.01.2026.

 

1 ден 28.12.2026 (недела)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:15 ч. Полетување за Париз во 06:15 ч., слетување во 09:20 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: : Arc de Triomphe, Place de la Concorde, Champs-Élysées, Assemblée Nationale, Les Invalides , Tuileries Garden. Сместување во хотел. Попладне крстарење по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

 

2 ден – 29.12.2025 (понеделник)

Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледи и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај. Од новиот дел се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Трокадеро. Слободно време за посета на Ајфеловата кула. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

 

3 ден 30.12.2025 (вторник)

Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот кварт: посета на Пантеон (однадвор), Луксембуршките градини и Богородичната црква (однадвор). Потоа следи посета на Бастиља и Опера Гарние. Разгледот продолжува кон Монмартр, со посета на црквата „Свето Срце“и плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета (однадвор) на Мулен Руж и слободно време за фотографирање. Факултативно организирана посета на Лувр, а навечер и крстарење со брод по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 31.12.2025 (среда)

Појадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман”. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на галеријата „Лафајет“ и музејот за парфеми „Фрагонар“. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден – 01.01.2026 (четврток)

Појадок. Поаѓање од Париз во 06:00 ч. Полетување во 09:40 ч. од Париз, слетување во Скопје во 12:25 часот.

 

Цена на аранжмаот: 539€ / 33 418 ден

 

Во цената е вклучено:

  • Авионска карта на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40x30x20 cm
  • 4ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Туристичкатакса

 

Во цената не е вклучено:

  • Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€карнет за 10 возења)
  • Влезница за Лувр 28 €, за деца до 10 години 18 €
  • Влезница за брод по Сена на лице место се плаќа околу 25 €
  • Патувањето до Версај чини 15 €( за деца над 10 години 7 €)
  • Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)

 

Важна информација:

  • Сите резервации за екскурзиите се закажуваат пред поаѓање.
  • Има можност за резервација на трокреветна соба.

 

Важна напомени:

  • Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
  • Во програмата  имаме  направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

 

Општи услови за европски дестинации со WizzAir:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден); 
  • Заова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраенрок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
  • Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани.Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците